Македонија го победи Чиле, ракометарите во втората фаза на СП во Египет

Македонија го победи Чиле, ракометарите во втората фаза на СП во Египет

пред 3 години

Македонија го победи Чиле во третиот натпревар на СП во Египет и се пласираше во второто коло на првенството. Иако на полувремето губеа со еден гол, македонските ракометари на крајот победија со резултат 32:29.

Кире Лазаров беше прогласен за играч на натпреварот. Тој постигна осум гола, на неговиот 40. натпревар на светските првенства и се запиша во ракоментната историја на Мундијалите како играч што дал гол на сите 40 натпревари. Голманот Никола Митревски имаше 14 одбрани, Костески и Пешевски дадоа по пет гола.

Во репрезентацијата на Чиле, Салинас даде девет гола, а Себаљос седум.

Во следната фаза, Македонија ќе игра против репрезентациите на Словенија, Русија и Белорусија.

 

Share
Scroll to Top