Репрезентацијата на Македонија загуби 32:20 од Русија во натпревар од втората фаза на СП во Египет. На полувреме резултатот беше 19:9.
Селекторот Брестовац против Русија шанса им даде на помладите ракометари. Откако капитенот Кире Лазаров промаши три удари кон голот, тој беше повлечен од игра и остана на клупата до крајот на натпреварот.
Најефикасен во македонската репрезентација беше Филип Кузмановски со шест гола. Серафимов постигна четири гола, а Митревски имаше шест одбрани. Во репрезентацијата на Русија, најдобар беше Сорока која даде шест гола.
Последниот натпревар на Мундијалот Македонија ќе го игра во недела против Белорусија, од 15:30 часот.