Репрезентацијата на Македонија загуби од Шведска во првиот натпревар на Светското првенство во ракомет, со резултат 32:20. Македонските ракометари играа добро во првата половина од првото полувреме, но потоа Шведска го презеде водството и на крајот победи со 12 гола разлика.
Кире Лазаров со 5 гола беше најефикасен во тимот, а еден друг играч во македонската репрезентација не даде повеќе од два гола. Кај Шведска, најдобар беше Хампус Ване со 11 гола, кој на крајот беше прогласен и за Најдобар играч на натпреварот.
Следен натпревар Македонија ќе го игра во сабота со домаќинот Египет од 18 часот. Во групата Г, во која се натпреварува македонската репрезентација, освен Шведска и Египет, настапува и Чиле.