Македонија меѓу првите пет во светот по смртност од Ковид-19

Македонија меѓу првите пет во светот по смртност од Ковид-19

пред 3 години

Од последиците од коронавирусот во светот досега починаа најмалку 1,8 милиони луѓе. Според анализа на агенцијата Франс Прес пет европски земји се во светскиот врв во однос на стапката на смртност,а меѓу нив и Македонија. 

Македонија е петта во светот според смртноста од Ковид-19 на 100,000 жители. Друштво и прават уште четири европски држави.

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот до денеска, регистрирани се вкупно 85 милиони и 51,970 случаи на заразени. Од нив, се смета дека најмалку 54 милиони луѓе оздравеле, покажува статистиката на новинската агенција Франс Прес.

Само вчера, во неделата  во светот беа регистрирани нови 8,0007 смртни случаи и 579,556 новозаразени. Во апсолутни бројки, држави со најголем број смртни случаи вчера биле САД со 1,532; Русија со 482 и Обединетото Кралство со 454.
Севкупно, најтешко погодени се САД со 351,590 досега регистрирани смртни случаи од вкупно 20,639,854 случаи. Потоа следуваат Бразил, Индија, Мексико и Италија според вкупниот број на смртни случаи.

Земја со најголема стапка смртност во однос на бројот на населението е Белгија со 170 смртни случаи на 100,000 жители. Следува Словенија со 135, Босна и Херцеговина со 126, Италија со 125 и Северна Македонија со121.

Рекордер по бројот на смртни случаи е европскиот континент со 584,364 досега, а следуваат Латинска Америка со нешто над 500 илјади, САД и Канада со 367,450, Азија со регистрирани 221,176 случаи, Блискиот исток со над 90 илјади, Африка регистрирала 67,251 и Океанија 945 смртни случаи.

Share
Scroll to Top