Македонија одигра без голови во денешниот натпревар против Ерменија, на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, во рамките на 4-то коло во квалификациите за Светското првенство, кое следната година ќе се игра во Катар.
Новиот селектор Благоја Милевски имаше неубедлив старт на клупата на Македонија. Најубавата шанса за победа ја имавме во финишот на мечот, кога Езџан Алиоски упати силен удар кон голот на гостите, но, топката го погоди Ашковски и мина за малку крај голот на Ерменците.
Германците во својот прв меч под водство на новиот селектор, Ханси Флик беа неубедливи, победувајќи ги Лихтенштајн само со 0:2. Романците стигнаа до победа од 2:0 на гости кај Исланд со головите на Денис Ман (47) и Николае Станчиу (83.).
Со освоени седум бодови, Македонија е на третото место во групата Ј. Први се Ерменците со десет и Германија со девет бода.
Романија со шест бода е на четвротото место. Следниот натпревар Македонија го игра во недела во гости против репрезентацијата на Исланд.