Македонија со тројца скијачи на Зимската олимпијада во Пекинг

Македонија со тројца скијачи на Зимската олимпијада во Пекинг

пред 3 години

Ана Цветановска, Дардан Дехари и Ставре Јада ќе ја претставуваат Македонија на претстојните Зимски олимписки игри во Пекинг, кои почнуваат на 4 февруари, објави Македонскиот олимписки комитет. Цветановска и Јада се преставници во нордиски дисциплини, додека Дехари ќе ја претставува нашата земја во алпските дисциплини.

Цветановска ќе настапи на 5 и 10 февруари и ќе се натпреварува во крос кантри, како и во дисциплините 7,5 км слободно, 7,5 км скијатлон и 10 км класично. Додека Ставре Јада, кој по вторпат настапува на ОИ, ќе се натпреварува на 8 и 19 Февруари во крос кантри, како и во дисциплините спринт слободно од 1,5 км и 50 км слободно.

Дардан Дехари ќе има настапи на 13 и 16 Февруари во трката слалом и во слалом/велеслалом дисциплините.

Олимписката делегација, водена од страна на спортскиот директор на Македонскиот Олимписки комитет, Владимир Богоевски, ќе замине во Пекинг на 29 Јануари, а во Скопје ќе се врати на 21 Февруари.

Тие ќе бидат присутни на церемонијата на отварање на зимските Олимписки игри во Пекинг 2022 година, каде македонското знаме ќе го носат Ана Цветановска и Дардан Дехари. Покрај тројцата спортисти, ќе заминат и Борче Јовановски, тренер во нордиски и Антонио Ристевски, тренер во алпски дисциплини.

Share
Scroll to Top