Македонскиот дизајнер Тони Матичевски ја облече Кристен Стјуарт за гала вечера пред Оскарите

Македонскиот дизајнер Тони Матичевски ја облече Кристен Стјуарт за гала вечера пред Оскарите

пред 4 години

Mакедонскиот дизајнер Тони Матичевски ја облече холивудската глумица Кристен Стјуарт за вечера што ја организираше Hollywood Reporter, а на која присуствуваа сите актери и филмски работници кои се годинава номинирани за Оскар. Кристен е номинирана за најдобра женска улога за филмот „Спенсер“, каде што ја глуми принцезата Дијана.

Матичевски за Стјуарт изработи дводелен комплет во бела боја, топ и тесна сукња, кои глумицата ги комбинираше со бели салонки.

Македонскиот креатор, кој живее во Австралија, веќе подолго време соработува со многу познати дами, па низ годините креираше и за Џенифер Лопез, Ева Лонгорија и Пенелопе Круз. Тој неодамна во интервју за „Ел“ зборуваше за својата работа.

„Моето македонско потекло има влијание и во создавањето на било која колекција се инспирирам од етно-традицијата во Македонија и нејзината околина. За жал, сега не сум многу упатен во модната сцена во Македонија и во поранешна Југославија. Општ впечаток на луѓето од светскиот моден бизнис е дека Балканот е поднебје на многу креативни луѓе чиј талент не е доволно разбран и искористен“, рече Тони во интервјуто за „Ел“.

Share
Scroll to Top