Македонскиот филм „Сестри“ од Дина Дума од петок на Нетфликс

Македонскиот филм „Сестри“ од Дина Дума од петок на Нетфликс

пред 2 години

Македонскиот филм „Сестри“ на режисерката Дина Дума од петок ќе се прикажува на Нетфликс. Ова е прв македонски филм кој ќе се прикажува на оваа платформа. Филмот ја следи приказната на две тинејџерки чие другарство е ставено на тест, откако ќе се соочат со последиците од нивното декадентно однесување.

Тој во август имаше светска премиера Филмскиот фестивал во Карлови Вари каде што ја освои Специјалната награда на жирито во програмата Источно од Западот. Додека македонската премиера ја имаше на Фестивалот за филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. Филмот собра бројни награди.

Трејлерот за филмот е веќе објавен на Нетфликс.

Share
Scroll to Top