Одбојкарската репрезентација на Македонија се пласира на Европското првенство откако ја победи Турција со 3-1 во сетови (25-19, 21-25, 25-23, 25-18). Ова ќе биде второ учество на македонските одбојкари на ЕП. Првенството годинава ќе се одржува во Полска, Естонија, Финска и Чешка, во август и септември, иако засега не се знае точниот датум.
Резултатот 3-1 им одговараше и на репрезентациите на Македонија и на Турција, кои имаа по три победи и еден пораз по четири кола во квалификациите, па и двете обезбедија учеството на ЕП.
Капитенот Никола Ѓоргиев имаше 24 поени, а во нападот и во одбраната најдобар беше Александар Љафтов, со 23 поени.