Македонски пилот отвори пекарница „Југославија“ во Сингапур

Македонски пилот отвори пекарница „Југославија“ во Сингапур

пред 2 години

Македонецот Митре Крајовски и неговата сопруга Катарина во Сингапур отворија пекарница „Југославија“, во која се нуди традиционална храна. Крајановски, кој е пилот за „Сингапур ерлајнс“ и живее во Сингапур 17 години, најпрвин отворил кафуле, а од неодамна го проширил со пекарница. Најпопуларни јадења во нивната пекарница се бурек со јогурт, кифлички, погача, Васина торта, бајадера, баклава и орасници.

dobivaj vesti na viber

„Правиме домашните рецепти за кои е потребно подолго време да се подготват, но така се подобри. Правиме слатки кои обично се прават кога има некоја прослава, ова не е комерцијална пекарница“, рекол Крајаноски за медиумите.

 

Митре пилотира со авион од типот Боинг 777. Неговата сопруга е економист, ама бидејќи не сакала да работи во канцеларија, отвориле пекарница. Таа е во пекарницата по цел ден, а сопругот ѝ помага секогаш кога не лета.

Share
Scroll to Top