Македонците имаат најмали пениси на Балканот

Македонците имаат најмали пениси на Балканот

пред 11 месеци

Македонците имаат најмали пениси на Балканот, покажало истражувањето на германски научници. Тие направиле 40 студии, во кои учествувале илјадници мажи. Тимот извлекол податоци за просечната големина на пенисот од речиси 90 различни земји, пишува „Дејли мејл“.

Избегнувале да користат студии во кои мажите самите ја пријавувале големината на пенисот. Од првите 20 земји на листата, половина од нив се од Африка, додека по три се од Јужна Америка, Северна Америка и Европа. На врвот на листата се најде само една земја од Азија, односно Евроазија, а тоа е Грузија.

Од европските земји Холандија се најде на деветото место на листата со просечна големина од 15,84 см, Франција е 11-та со просечна големина од 15,74 см и Италија, 19-та со просечна големина од 15, 24 см. цм.

Србија се најде на 33 место, а просечната големина на пенисот кај нив е 14,75 сантиметри и оваа земја е прва од листата на Балканот. Хрватска заврши на 35 место, Албанија на 47 место и Македонија на 50 место. Тоа значи дека на Балканот, најмали пениси имаат мажите од Македонија.

Инаку, студијата објавена во „British Urology Journal“ во која учествувале 15.000 мажи од три континенти. Студиите покажале дека просечната големина на пенисот на целата планета е 13,1 сантиметар.

Лекарите велат дека должината на машкиот пенис првенствено ја одредуваат генетските фактори, а не начинот на живот.

Share
Scroll to Top