Макрон и Брижит на одмор во претседателска вила на Азурниот брег

Макрон и Брижит на одмор во претседателска вила на Азурниот брег

пред 1 година

Францускиот претседател Емануел Макрон и првата дама Брижит го поминуваат својот одмор во претседателската резиденција Форт Брегансон на мал остров на Азурниот брег.

Предвидено е Макрон и неговата сопруга да поминат двонеделен одмор во оваа резиденција на медитеранскиот остров, која е изградена на карпест предел на 30 метри надморска височина, опкружена со терасовидни градини, со приватна плажа и исклучителен поглед на околината, пишува францускиот дневен весник Фигаро.

Оваа претседателска вила е класично реконструирана за време на владеењето на претседателот Валери Жискар Д’Естен, а според инструкциите на неговата сопруга Ана-Емон Жискар д’Естен, на таков начин што ќе обезбеди мир, удобност и изолација на шефот на државата.

Познато е дека поранешните претседатели на Франција, Шарл де Гол и Франсоа Митеран, во оваа вила престојувале само по една ноќ, а претседателската двојка Саркози никогаш затоа што ја претпочитале вилата Лантерн, резиденцијата на поранешната премиерка која се наоѓа на работ на Версај парк.

Претседателите Жорж Помпиду, Жискар Д’Естен и Жак Ширак поминаа долги одмори во вилата Форт Брегансон, за која Жискар Д’Естен рече дека е место каде што може да се вкуси совршената среќа, додека Ширак призна дека во Форт Брегансон некогаш не е здодевно.

Откако беше избран за претседател на Франција, Франсоа Оланд реши да го помине првото лето таму со својата пријателка Валери Трирвејлер. Сакајќи да биде нормален претседател, социјалистот Оланд позираше за медиумите во лежерна поло маица. Меѓутоа, по првиот престој во Брегансон, Оланд повеќе не стапнал таму.

„Брегансон е многу добар, освен што сте затворени во него како во Елисејската палата. Да се ​​биде на одмор значи да можеш да избегаш и да бидеш слободен“, објаснил претседателот Оланд.

Се чини дека актуелниот шеф на државата го цени ова место, бидејќи решил да изгради надземен базен во рамките на станбениот комплекс, но неговата одлука е критикувана за цената на работите, која според дневниот весник Parisienne изнесува околу 34.000 евра, но и пред се за лошото влијание врз животната средина и непотребното трошење на свежа вода на брегот на Средоземното Море.

Share
Scroll to Top