Возачот на Ред бул, Макс Ферстапен е во врска со Кели Пике, ќерката на трикратниот Формула 1 шампион, Нелсон Пике. Иако во јавноста веќе неколку месеци се зборуваше дека се заедно, Ферстапен потврди дека е заљубен во ќерката на Пике со новогодишната честитка на „Инстаграм“.
„Среќна Нова година на сите! Да ја направиме 2021 година за сеќавање на многу начини. Ви посакувам успех, љубов и среќа, како што јас ја најдов мојата“, напиша тој.
Ферстапен и Пике празниците ги поминаа во Бразил, во семејното одморалиште на семејството на Кели, во Ленсоис Марањенсес.
Новата сезона на Ф1 шампионатот почнува на 21 март во Австралија и ќе има рекордни 23 трки.