Маленко го подучи Џамбазов како да ја расположи Илина оти имал искуство

Маленко го подучи Џамбазов како да ја расположи Илина оти имал искуство

пред 2 години

Игор Џамбазов неодамна сподели видео на социјалните мрежи со кое покажа како сакал да ја расположи Илина. Облечен во маичка на која пишува „Ние дебелите ќе ослабнеме, вие глупавите што ќе правите“, со капа за пливање и пераи на рацете и нозете игра во видеото, за кое напиша :Пред две години, на овој ден. Неа ја болеше коленото. Многу. И само сакав да ја расположам. Не ми успеа…А, потоа ги праша фановите: „Кај некој од вас, функционира? Ало, студио…се слушаме?“

dobivaj vesti na viber

Неговото видео на социјалните мрежи веднаш го коментираше поранешниот пливач Александар Маленко. Па му кажа на Џамбазов дека како искусен љубовџија ќе го опреми целосно за следниот пат кога ќе се најде во ваква ситуација, за да ја расположи Илина.

„Ам клај наочари за пливање, да си комплетен , вака ја имаш збунато скроз, го совертува Маленко, Џамбазов, на што овој му одговори: „Ам овие се за во Дојран, ме штитет од пиранине“.

Share
Scroll to Top