46-годишниот милијардер Алвин Чау од Малезија, на својата некогашна љубовница, манекенката Менди Лиу, ѝ исплатил отштета од 32 милиони евра затоа што ја оставил. Милијардерот со сопругата има 2 деца, а со Минди три. Но, по неколку години поминати на релација помеѓу двете семејства, тој решил да ѝ раскине на љубовницата и да ѝ даде паричен надоместок.
Менди (35) е познат модел и една од најголемите ѕвезди во Азија. Таа покрај тоа што има работено за светски брендови, меѓу кои и „Диор“, „Сваровски“, „Миу Миу“, е и ТВ-презентерка и актерка. Родена е во Малезија, а сега живее во Велика Британија и е во фокусот на медиумите откако си купи кралски имот од 30 милиони евра, со парите што ѝ ги исплатил Чау.
Женетиот Алвин и Менди беа во врска повеќе од 6 години, па заради времето поминато заедно, но и за да ги згрижи трите деца, тој одлучил дека финансиски сака да ѝ надомести. Тој има бизнис со хотели и казина. Неговата сопруга Хајди Чен знаела за врската со Менди. Кога во 2014 година манекенката го родила првото дете, сопругата на Чау поднела документи за развод, но набрзо се премислила. Тие се и понатаму во брак.