„Манекенството за мене е минато“-Билјана Јаневска нов генерален секретар на ЛДП во Карпош

„Манекенството за мене е минато“-Билјана Јаневска нов генерален секретар на ЛДП во Карпош

пред 1 година

Манекенката Билјана Јаневска е новиот генерален секретар на ЛДП во Карпош. Иако започна како вели со кикс за локалните избори, таа сепак успеа да ја добие довербата од претседателката на партијата Моника Зајкова, која и даде шанса за нов ангажман .

На прашањето како се чувствува, таа за Репортер вели: „Ова е навистина голем предизвик, а задачата да се биде секретар на општинска организација во Карпош е пред сè одговорна. Нè чека многу работа пред сè на претседателот Филиповски како и целото раководство. Заедно, тимски ќе успееме и можеме да ја направиме Карпош подобра општина за граѓаните. Општинската на ЛДП ќе биде прогресивна огранок која веќе ги препознава и цени способностите кај секој поединец во Карпош“, ни вели поранешната манекенка за Репортер.

Најголемата поддршка ја доби од својата мајка „ Таа ме поддржува во моите ангажмани бидејќи знае колку ми е важен политичкиот ангажман на општинско ниво. И тоа ми е важно, затоа што поддршката од мајка ми е најважна.

Иако беше ангажирана како модел и манекенка и беше дела од повеќе избори, Билјана вели дека тоа е веќе зад неа.

“  Искрено во моментов не би прифатила манкенски ангажман, за мене тоа претставува минато. Сега сум посветена на новите предизвици на работно место и во општинската организација“, ни откри новиот секретар на партијата.

За потсетување Билјана две години работеше во Јавното претпријатие „Депонија Дрисла“ како референт за техничка документација во Одделението за техничко одржување и безбедност и здравје при работа. Таа е дипломиран инженер по менаџмент за еколошки ресурси и магистер по управување со отпад.

На јавноста и стана позната работејќи како модел ангажиран на ревии, во реклами, насловни страници. Беше придружничка за Мис модел туризам во светот, на овој избор освои три титули за убавина во три различни категории.

Алексндра Георгиев

Share
Scroll to Top