Мантри што ќе ви ја направат 2021 најдобрата година досега

Мантри што ќе ви ја направат 2021 најдобрата година досега

пред 3 години

Какви ни се мислите, таков ќе ни биде и животот. Тоа е моќта на позитивната мисла,моќта на привлечноста.

Начинот на кој се однесувате кога ќе се најдете во непредвидени околности одредува дали ќе бидете херој или жртва на сопствениот живот.

Одлуката да бидете херој на својот живот значи да поставувате точни прашања и да наоѓате решенија, а не да се сожалувате себеси или да ги обвинувате другите. Овие мантри ќе ве потсетат дека изборот зависи само од вас. Среќата, успехот и благосостојбата, сѐ е во наши раце.

Почнувајте го секое утро со овие мантри и гледајте како ви се менуваат погледот кон светот и самиот живот на подобро…

1. Ќе барам и ќе гледам убавина насекаде околу мене

Многу е важно да се препознае убавината. За среќа, таа е насекаде околу нас. Постои естетска убавина на луѓе, архитектура, уметност и природа. Постои убавина и во човечкото однесување, сила, па дури и во слабостите. Додека ги вежбаме очите да гледаат убавина, треба да ја научиме разликата помеѓу гледањето и согледувањето. Всушност, кога гледаме со отворен ум, можеме да најдеме убавина дури и во најлошите и најнепријатни нешта.

 

2. Ќе дозволам да ми се случат убави работи и да ми пристигне изобилство

Ако останеме отворени, универзумот е полн со енергија која само чека да протече низ нас. Сѐ што треба да направиме е да бидеме духовно отворени. Колку повеќе се отвориме за позитивна енергија и духовно изобилство, толку посреќни ќе бидеме. Изреката „како зрачиме, така привлекуваме“ многупати се покажала вистинита.

3. Ќе се занимавам исклучиво со мислите и емоциите што ми помагаат да се развивам на подобро

Не можеме духовно да растеме ако си дозволиме себеси да заглавиме со непродуктивни мисли и емоции. Оваа мантра треба да си ја повторуваме како потсетник дека треба да се посветиме на препознавањето негативни мисли и чувства и да ги тргнеме од нашата глава, и да се фокусираме на позитивните мисли, емоции и луѓе.

Share
Scroll to Top