Марина Туцаковиќ, еден од најголемите текстописци во поранешна Југославија, која вчера почина од рак, во својата долга кариера напиша текстови за повеќе од илјада песни. Меѓу нив е и песната „Соба за тага“ што ја испеа Тоше Проески.
Приказната за оваа песна ја раскажал затвореник кој издржувал казна откако го убил љубовникот на неговата жена. Тој напишал стихови и ѝ ги испратил на менаџерката на Тоше, Љиљана Петровиќ. На Љиљана и на Тоше им се допаднала приказната, а менаџерката на Тоше ѝ ги испратила на Марина, која ја направила финалната верзија на текстот.
Песната „Соба за тага“ се најде на албумот „Ако ме погледнеш во очи“ од 2002 година. Тоа е третиот албум на Тоше, кој беше издаден и на македонски и на српски јазик.