Маријана е убиена, се наоѓа на патека 9 каде ја влечеле по падината: Нови детали за исчезната победничката од реалното шоу „Големиот брат“

Маријана е убиена, се наоѓа на патека 9 каде ја влечеле по падината: Нови детали за исчезната победничката од реалното шоу „Големиот брат“

пред 9 месеци

На 28 април загрепската полиција почна потрага по Маријана Ковачевиќ, победничката во регионалното реално шоу „Големиот брат“ од 2011 година.

Нејзиното исчезнување во полиција го пријавил сопругот Карло, кој и преку социјалните мрежи бараше помош да ја најде. До денес сè уште не е пронајдена, а се зборуваше, дека нејзини лични документи се најдени рано наутро на мост кај Сава, откако таа го напуштило домот пред полноќ. Се сомневаа дека се самоубила. Сега нејзината сестра, Маја Ковачевиќ, во јавноста изнесе детали па тврди дека нејзината сестра е убиена, а самоубиството е инсценирано.

Сестра ми е убиена! Сестра ми не се самоуби. Се наоѓа на патека 9, две лица ја влечеле по падината 30 минути, после роденденската забава на која била таа се скарала со момче кое го удрила и си заминала. Тој ја следел, ја удрил со алат во главата, повикал маж од ромска националност, тројцата се упатиле кон Сљеме каде ја убиле кога ја одвлекле по падината. Документите на мостот биле наместени, човекот кој бил платен да ја убие и ги оставил документите на мостот, така што би изгледало како да се самоубила, напиша Ковачевиќ.

 

Маријана исчезнала под неразјаснети околности од нејзината загребска адреса во април 2022 година и оттогаш, до денес, од неа нема ни трага ни глас.

38-годишната Маријана Зајферт имаше две деца.и е во брак со Карло.  Маријана пред една деценија беше меѓу најозборуваните личности во регионот откако во популарното шоу „Големиот брат“ јавно пред камери го изневери тогашниот сопруг со српскиот пејач Никола Немешевиќ – Немеш. Потоа таа и се омажи со Немеш, но по брзо време се разведоа.

 

 

 

Share
Scroll to Top