Маријан Стојаноски доби син една година откако му се роди ќерка

Маријан Стојаноски доби син една година откако му се роди ќерка

пред 3 години

Некогашниот поп-пејач Маријан Стојаноски доби син, кој ќе се вика Петар. Ова е второ дете на пејачот и неговата сопруга Наташа, кои лани во јули ја добија ќерката Вероника. Веста за раѓањето на синот Маријан ја соопшти преку Фејсбук.

„Добредојде синко Петар“, напиша тој и доби бројни честитки од пријателите.

Маријан Стојаноски, кој сега работи во МОБ како оперски пејач, лани се ожени со својата долгогодишна девојка Наташа Каранџуловска, во време на корона. Тие летово направија црковна венчавка и свадба во Крушево и тогаш открија дека чекаат второ бебе.

 

(Галерија) Маријан Стојаноски се венчаше во црквa: Ќерката Вероника најсреќна за бебето што доаѓа


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top