Марија од Гевгелија продава крофни и лимонада за болно девојче од својот град

Марија од Гевгелија продава крофни и лимонада за болно девојче од својот град

пред 10 месеци

Малата Марија од Гевгелија, инспирирана од гестот на  Нина од Нови Сад, која со продажбата на крофни собераше пари за својот болен татко, сега и таа  продава крофни и лимонада за да собере пари за лекување на болното девојче Луна Поп-Костова од Гевгелија. И двете се од ист град, но не се познаваат. Кога Марија дознала за 14.годишната Луна која треба да оди на операција во Турција и за нејзиното лекување требаат донација, решила да помогне со продажба на крофните на штанд во Гевгелија.

Луна боледува од сколиоза во последна фаза и има потреба од итна операција. Потребни 65 илјади евра за операцијата во Турција.

Граѓани по иницијативата и хуманоста на Марија дојдоа на градскиот плоштад за да дадат своја донација за помош на девојчето кое мора да оди на лекување.

Истовремено се отворени и телефонските броеви за донации: Телеком 143 – 103 и на А1 143 – 478 на кои може сите граѓани да се вклучат во хуманитарната акција.

Share
Scroll to Top