Марк Цукенберг објави дека со сопругата ја чекаат третата ќерка

Марк Цукенберг објави дека со сопругата ја чекаат третата ќерка

пред 2 години

Основачот на „Фејсбук“, Марк Цукенберг со сопругата Присила Чан ќе станат родители по третпат. Убавата вест ја сподели Цукенберт, кој сподели дека чекаат уште една ќерка.

dobivaj vesti na viber

„Многу љубов. Драго ми е што можам да речам дека нашите ќерки Макс и Август од следната година ќе добијат нова сестра“, рече Цукенберг.

Марк и Присила се запознаа во 2003 година на забава на Универзитетот „Харвард“. Се свршија осум години подоцна во 2011 година.

Венчавката ја направија во тајност со најблиските пријатели. Не заминаа на меден месец, а Цукенберг на Присила и вети дека секој нареден месец ќе ѝ го направи таков.

За потсетување, првото дете го добија во 2015 година. Тогаш открија дека се обидувале седум години за Присила забремени. Претходно имала три спонтани абортуси.

Share
Scroll to Top