Изборот на песна за Евровизија освен што е музичко натпреварување, е синоним и за мода но во последно време се повеќе кич одошто елеганција или моден стил. Основачите на холандската веб-страница „Хаус оф Јуровижн“, Едвин ван Тило и Роб Паардекам ја создадоа наградата „Барбара Декс“, која од 1997 до 2021 година се доделуваше на евровизиските претставници со најлоши модни комбинации.
Македонија ја доби наградата дури двапати . Македонија учествува на Изборот за песна на Евровизија од 1998 година, а оттогаш нѐ претставуваа повеќе квалитетни музички имиња од македонската естрада. Наградата „Барбара Декс“ ја доббија Мартин Вучиќ (2005) и „Ај кју“ (2018).
Оваа награда е именувана по белгиската пејачкаБарбара Декс, која ја претставуваше својата држава во 1993 година. Таа се појави на евровизиската сцена во полупроѕирен фустан, кој сама го направила. Уредникот на евровизиската веб-страница „Вивиблогс“, Вилијам Ли Адамс тогаш изјаво дека фустанот на Барбара Декс личи на собна ламба. Македонија годинава првпат нема да настапи на Евросонг.