Мартин Лутер Кинг Јуниор ја плати сметката кога мајка ми ме роди, откри Џулија Робертс

Мартин Лутер Кинг Јуниор ја плати сметката кога мајка ми ме роди, откри Џулија Робертс

пред 2 години

Американската глумица Џулија Робертс откри дека покојниот Мартин Лутер Кинг Јуниор и неговата сопруга Корета Скот Кинг, ја платиле сметката во болницата кога мајка ѝ ја породила. Рече дека во тоа време родителите немале пари да ги платат трошоците за престојот во болницата.

Во разговор со новинарката Гајл Кинг, Робертс објави дека нејзините родители се спријателите со Кинг додека живееле во Атланта и воделе театарско училиште.

„Еден ден Корета ја покани мајка ми ѝ ја праша дали може децата да ѝ бидат дел од школото кое таа го води, затоа што било тешко да пронајдат место за нив кое би ги прифатило“, рече Робертс, мислејќи на сегрегацијата во САД во шеесетите.

„Мајка ми рече дека слободно може да дојдат и така сите се спријателивми. Си помогнавме да излеземе од кризата“, рече глумицата.

Во тоа време еден од членовите од кланот Ku Klux го дигнал во воздуг еден од автомобилите кој бил паркиран пред театарот на родителите на Џулија Робертс, Бети и Волтер Робертс. Експлозијата се случила за време на една претстава, а била одговор на тоа што ќерката на Кинг, Јоланда, добила улога во која требала да бакне бел глумец.

Гајл ја нарекла одлуката на Бети и Волтер извонредна, затоа што за луѓето во тоа време не било вообичаено да се мешаат и да комуницираат црните со белите деца.

За потсетување, Џилија во петокот го прослави 55 роденден и за таа пригода сподели фотографија на која пие кафе опкружена со розеви, златни балони.

„Чувстувам љубов и магина на мојот 55 роденден“, рече Робертс.

Share
Scroll to Top