Масимо Савиќ доаѓа во Скопје, концерт на отворено на стадионот АРМ

Масимо Савиќ доаѓа во Скопје, концерт на отворено на стадионот АРМ

пред 2 години

На 29. мај на стадионот на АРМ во Скопје концерт ќе одржи хрватскиот пејач Масимо Савиќ. Масимо до сега настапуваше во Универзални сала,  МОБ, Македонска филхармонија и конечно пролетва на голем концерт на оворено во Скопје.

Сет листата ќе биде полна со хитови од целата негова кариера, од “Доиријан Греј“, Сјај во темница и последниот хит „Мал круг големи луѓе“ за што ја доби и наградта Порин во категоријата „Песна на годината“ за 2021 година.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од петок 1-ви април, низ продажните места во мрежата на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk, по следниве цени и категории: Партер 900, Фан Пит 1.200 денари и Вип 1500 денари. Организатори се „Авалон“ продукција.

Share
Scroll to Top