Масимо: „Ја оставив дрогата заради ќерка ми“

Масимо Савиќ ќе биде погребан на 3 -ти јануари во Задар

пред 1 година

Хрватскиот пејач Масимо Савиќ ќе биде погребан на 3 -ти јануари, во 11 часот на Градските гробишта во Задар. Како што потврдија од неговата дискографска куќа, комеморацијата ќе се одржи во петок на 30 декември во Хрватскиот народен театар во 11 часот. Во фоајето на ЦНК ќе има спомен книга во која ќе може да се потпише секој што сака.

„И комеморацијата и последното збогување се отворени за секој што сака уште еднаш да се збогува со Масимо“, објавија Аквариус Рекордс.

Концертната сала Лисински ги пречека сите фанови, па местото пред влезот на салата, каде граѓаните со денови се збогуваат со својот омилен музичар, до 31 декември ќе биде достапно за палење свеќи и положување венци.

Да потсетиме, Масимо почина на 23 декември, а веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја споделија неговата сопруга Ени и ќерката Мирна.

„Нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ, не напуштија по кратка, но херојска борба. Иако замина од овој свет, тој вечно ќе живее во нашите души – насмеан, топол, силен, полн со љубов и исткаен од уметност. Ние ќе бидеме твои девојки засекогаш. Ани и Мирна“, напишаа во објавата.

 

Share
Scroll to Top