Масимо Савиќ ќе одржи концерт во Филхармонија со најубавите љубовни песни

Масимо Савиќ ќе одржи концерт во Филхармонија со најубавите љубовни песни

пред 2 години

Хрватскиот музичар Масимо Савиќ на 24 февруари ќе одржи концерт во Македонската филхармонија. Тој ќе го претстави проектот „Вјештина бутик“, кој доаѓа 18 години од првиот антологиски албум на Савиќ, „Вјештина“.

dobivaj vesti na viber

Албумот „Вјештина“ претставува музичка и артистичка преродба на Масимо и се смета за еден од најреволуционерните регионални албуми на 21. век. Издаден во 2004 година, тој своевремено има добиено и златен тираж. Aлбумите „Вјештина 1“ и „Вјештина 2“ (2006) се колекции на преработки на љубовните песни, како „Бацила је све низ рјеку”, „Све че то мила моја прекрити рузмарин, сњегови и шаш“, „Стине“, „Либар“ и многу други.

Масимо ја прослави 15-годишнината од проектот „Вјештина“ во 2019 година со турнеја низ Хрватска и Србија.

Концертот во Скопје е единствениот концерт при оваа турнеја што Масимо ќе го одржи оваа година.

Влезниците се во продажба од петок (21.10) преку продажната мрежа на Авалон и онлајн на аvalon.mk по цена од 1.200 и 1.500 денари.

Share
Scroll to Top