Студените, есенски денови бараат и повеќе да внимаваме на негата на косата, а една од најдобрите маски за регенерација на косата е маската со цимет.
Овој чудесен зачин ја храни косата, го постигнува нејзиниот раст и ја прави поздрава, посјајна и побујна. Циметот содржи антиоксиданси, витамини и минерали кои можат да ја подобрат состојбата на скалпот. Состојките кои ги содржи помагаат во регенерација на оштетената коса, но и го стимулираат нејзиниот раст. Циметот е познат и како зачин кој ја спречува косата да падне.
Ви пренесуваме рецепт за едноставна маска со цимет која ќе ја регенерира сувата коса, но и ќе ја поттикне косата побрзо да расте. Сè што ви треба од состојките за овој мелем за коса веројатно веќе ги имате дома.
Состојки:
- помала чаша јогурт
- 1 лажица цимет во прав
- 1 жолчка
Измешајте ги јогуртот и циметот додека не добиете изедначена смеса, а потоа додадете ја жолчката и убаво измешајте. Нанесете ја маската на вашата коса и нежно масирајте така што ќе ја покриете косата од скалпот до врвовите. Потоа ставете капа за туширање и оставете ја маската да отстои половина час. Потоа измијте ја косата со шампон, како и обично.
Најдобро би било косата да се исуши природно по оваа маска, а доколку користите фен, тогаш исушете ја косата со најмала сила.
По нанесувањето на оваа маска, косата ќе биде сјајна и мазна, а и ќе изгледа здраво.
Ако ја користите оваа маска еднаш неделно два до три месеци по ред, вашата коса ќе почне да расте многу побрзо, а во исто време да стане посјајна и побујна.