Под мотото „Ќе го преживееме и ова во животов“ се одржува првото пандемиско издание на Златна бубамара на популарноста. Омилената манифестација на многумина и годинава е масовно посетена, ама без гајле, сите гледаат од дома. Без ковид пасоши, маски и брисеви, вечерва секој може да ужива во најдоброто од изминатите 23 години на Бубамара, спакувано во четири часа одлична забава.
„Да ги поддржиме луѓето што дење-ноќе се тука за нас и кога немаат сила. Правиме журка за сите, кај нас вечерва може да дојдат и оние што имаат корона. Не ви треба ни негативен тест ни маска. Се надевам убаво се сместивте во вашите фотелји. За политичарите не се секрам, тие одамна си набавија по една. А кога ќе помине сето ова, пак ќе се собереме во преполната сала, и пак ќе има тепачка за карти“, рече Ранко Петровиќ сопствениокот на Бубамара, од празната сала Борис Трајковски, каде ја снимаше најавата.
Тој рече дека вонредно издание на Златна Бубамара е посветено на здравствените работници кои повеќе од една година неуморно се борат со короната. Панденското издание не потрфрли ни годинава. Се доделија наградите, а тимот на Бубамара ги избраа и најдобрите моменти од изминатите приредби. Од настапите на Северина и Грашо, преку Фрајле и Кемал Монтено, до Тамара и Кајмакоски.
Не изостана ни хуморот на Сашко Коцев кој е заштитен знак на ова шоу, тука хуморот за политичарите се секогаш главна инспирација, СЈО, короната, пензионерите, загадувањето, маските, плажите во Мексико и Дубаи. Се пожалија и што годинава не можат да се гушкаат во живо ама велат „ќе се гушкаме догодина без маски, прво да се вакцинираме.“