Математичарот Дамјан Давков освои сребро на Светската математичка олимпијада

Математичарот Дамјан Давков освои сребро на Светската математичка олимпијада

пред 3 години

Математичарот Дамјан Давков освои сребрен модел на Светската математичка олимпијада ИМО 2021, со што стана најмладиот освојувач на сребро во Европа и четврти во светот.

Веста ја сподели неговата мајка Никица Давкова преку социјалните мрежи.

„По пауза од десет години Македонија има пак сребро. Има и две бронзи и две пофалници. Честитки до водачот на тимот проф. д-р Ристо Атанасов и до заменик водачот проф. д-р Мирко Петрушесвки. Голема благодарност до сите, кои на свој начин учествуваа во подготовките на Дамјан. Благодарност до СММ и Мирко Петрушевски кој организираше олимписки подготовки за македонските натпреварувачи“, напиша Давкова.

Дамјан Давков, познат во јавноста и како Штипски Питагора, на почетокот на месецов освои злато на Јуниорската балканска математичка олимпијада – ЈБМО, чиј домаќин беше Молдавија.

Математичарот Дамјан Давков пак освои злато, овој пат на Јуниорската балканска математичка олимпијада

Share
Scroll to Top