Мајката на Бритни работи како заменик учителка и едвај има пари да си ги плати сметките

Мајката на Бритни работи како заменик учителка и едвај има пари да си ги плати сметките

пред 1 година

Мајката на Бритни Спирс, Лин, има сериозни финаниски проблеми, пренесоа светските медиуми. Лин работи како замена за учителка и едвај врзува крај со крај. Извор близок до неа откри дека едвај може да ги плати сметките во месецот.

„Таа едвај може да ги плати сметките“, откри изворот за Page Six и објасни дека моментално работи како замена наставничка во училиште.

На финансиска состојба многу влијаела последната борба со Бритни, која во кариерата заработи милиони долари и уште од детството ги издржувала нејзината мајка, татко и сестра.

Покрај работата како замена за наставник, Лин работи и како продавач на козметика за брендот „Родан и Филдс“, стои описот на нејзиниот профил на „Инстаграм“. Засега ја нема огласено нејзината работа во училиште.

За потсетување, минатата година Лин побарала финансиска помош од Бритни. Таа побара да ги покрие судските трошоци користени во парницата за нејзиното старателство.

„Иако компензацијата е голема, Лин со почит сугерира дека барањето е бледо во споредба со милионите долари што Џејми Спирс ги потроши за да ја задржи Бритни во притвор и да врши активности што Бритни не ги побарала и не биле во нејзин најдобар интерес“, тврдеа нејзините адвокати.

Share
Scroll to Top