Мајката на раперот Диди го брани по обвинувањата за силување: Мојот син не е чудовиште, направил грешка

Мајката на раперот Диди го брани по обвинувањата за силување: Мојот син не е чудовиште, направил грешка

пред 2 месеци

Џенис Смол Комбс вели дека нејзиниот син „направил грешки, како и сите други“, но дека „не е чудовиштето какво што го прават“.

Раперот и музички продуцент Шон Комбс, попознат по неговото уметничко име Диди, се соочува со бројни обвинувања за сексуална злоупотреба, а неговата мајка вели дека е „уништена и со скршен срце“ и тврди дека сето тоа се „лаги“.

Музичарот беше уапсен во септември оваа година и оттогаш е во притвор во федерален затвор во Њујорк.

Џенис Смол Комбс вели дека нејзиниот син „направил грешки, како и сите други“, но дека „не е чудовиштето што го прават“.

„На мојот син не му се суди по вистинити обвиненија, туку по лажна приказна – тоа е срцепарателно“, рече таа во писмената изјава објавена од адвокатката Натали Г. Фигерс.

Покрај тоа што е обвинет за рекет и сексуална експлоатација, против Диди се најавени и нови обвиненија – повеќе од 100 луѓе, мажи и жени, го обвинуваат за наводни сексуални напади и силување.

Одбраната ги отфрла обвинувањата и тврди дека се работи за „лаги и клевети“.

Share
Scroll to Top