Меган е опседната со желбата да ја надмине Ким Кардашијан

Меган е опседната со желбата да ја надмине Ким Кардашијан

пред 4 години

Американската глумица Меган Маркл, е опседната со желба да ја надмине во популарност, светската старлета Ким Кардашијан, пренесуваат американските таблоиди.

Ким, освен што изгледа фантастично, има заработено и преку милијарди долари, на „Инстаграм“ ја следат 191 милион фанови, мајка е на четири деца и сопруг на познат американски рапер, Канје Вест, кој исто така е полн со пари.

Иако и Меган не заостанува многу по популарноста, таа не е задоволна од количината на слава која ја има постигнато и сака да биде славна и успешна како Кардашијан, велат нејзини пријатели.

Нејзин близок извор, тврди дека Меган сонува да стане милијардерка и да ја престигне Ким по заработката.

„Од Меган, откако стана сопруга на Хари, се очекуваше да работи во интерес на монархијата. Но, таа имаше свои големи планови и цели за себе. Го развиваше своето деловно царство. Основаше продукциска куќа која ќе снима документарец за „Нетфликс“ и направи договор тежок околу 200 милони долари, кој го потпиша со куќата. Таа ова го гледа како почето на своето издигнување кон тронот за најуспешна и највлијателна жена на светот“, вели изворот.

Таа мисли дека е природно, заедно со Хари да скокнат на местото на Кардашијан, чие шоу згасна по долги години емитување.

„Во кулоарите се зборува дека Меган и Хари имаат намера да снимаат свое реално шоу. Меган размислува да стави и ботокс и филери на лицето, за да личи како Кардашијан“, открива изворот.

Сепак тој признава дека она што тешко ќе може Меган да го копира од Ким, е нејзиното опуштено носење со хејтерите на социјалните мрежи. Сопругата на Хари, ја обожава Ким, токму поради наинот на кој таа ги игнорира злобните коментари.

 

Share
Scroll to Top