Меган конечно ја доби судската битка со британските таблоиди

Меган конечно ја доби судската битка со британските таблоиди

пред 3 години

Британскиот суд ја потврди пресудата во корист на Меган Маркл, во парницата против медиумите кои ги објавија деловите од нејзиното приватно писмо кое војвотката од Сасекс му го испратила на нејзиниот татко Томас Маркл во 2018 година.

Associated Newspapers Limited, заедно со останатите издавачи, таблоидите Daily Mail и Mail on Sunday, со нивната MailOnline веб-страница поднесоа жалба годинава, чија пресуда заврши во корист на Меган. Таму пишувало дека било разумно да се очекува Меган да има приватност.

Иако таблоидот се противел на ова, жалбениот суд во четвртокот ја потврди првостепената пресуда. ANL и таблоид групата The Mail on Sunday, претходно рекоа дека ќе останат на одлуката да го објават писмото на Меган и дека ќе го силно ќе го бранат случајот пред судот.

Во четвртокот се огласи и Меган, која не го криеше задоволството од пресудата. Таа рече дека оваа пресуда ќе го промени однесувањето на таблоидите во Велика Британија.

„Ова не е победа само за мене, туку за секој кој ќе се плаши да застане зад нешто кое смета дека е исправно. Иако оваа победа е преседан, најважно е сега заедно да ја преобликуваме таблоидната индустрија која уценува и бара од луѓето да бидат злобни. Таа профитира од лагите и болката која ја произведува“, рече Меган.

Нејзините адвокати изиграа паметно. Тие тврдеа пред судот дека писмото е авторско дело, затоа што е напишано со рака, а не на компјутер и дека никој не ѝ помагал на Меган да го напише. Оттука војвотката има авторски права, а таблоидот немал право да го објави без нејзина дозвола.

Share
Scroll to Top