Меган лажела кај Опра за приватната венчавка со Хари, британски свештеник ја фати глумицата во лага

Меган лажела кај Опра за приватната венчавка со Хари, британски свештеник ја фати глумицата во лага

пред 3 години

Британските медиуми и јавноста се сомневаат во она што Меган Маркл го изјави во шоуто на Опра, во интервјуто минатиот викенд. Многумина се сомневаат дека поранешната глумица и принцот се венчале тајно во својата градина, три дена пред кралската венчавка.

Меган кај Опра изјави дека ги венчал надбискупот Кантербери Џастин Велби, затоа што сакале церемонија само за себе. Тврдењата на Меган му биле сомничави и на заменик надбискупот Марк Едвардс, кој ја контактирал канцеларијата на надбискупот и побарал објаснување.

Едвардс за време на карантинот вели дека имал ијладници барања за приватни церемонии, кои морал да ги одбие затоа што црквата не дозволувала такви венчавки.

Свештеникот Едвардс изјавил дека кога контактирал со лице од канцеларијата на надбискупот, бил известен дека имало приватен разговор за венчавање во градината на Меган и Хари, но бил убеден дека до тоа не дошло.

Бројни свештеници во Англија се посомневале во изјавите на Меган, затоа што правилата за венчавката во англиска црква бараат најмалку двајца сведоци, а јавноста мора да има неограничен пристап до церемонијата, за да може да се дадат и приговори.

Исто така, ниту една двојка не може да се венча во црква два пати, освен ако првиот брак не бил валиден.

 

Share
Scroll to Top