Мег Рајан има премногу ботокс, не може да прави гримаси, а очите и изгледаат помали

Мег Рајан има премногу ботокс, не може да прави гримаси, а очите и изгледаат помали

пред 1 година

Холивудската актерка Мег Рајан (61) беше една од најслатките русокоси во Холивуд, а потоа изгледот низ годините навистина се смени, откакоб почна да прави естетски корекции на лицето. Таа постојано негира дека правела пластични операции.

„Искрено, не обрнувам многу внимание“, изјавила таа за магазинот „Portret“ во 2015 година кога ја прашале за шпекулациите околу нејзините пластични операции. Во светот денес има многу омраза. Толку е лесно да осудите некого. Замислете да сте човек којшто мрази, тоа е глупаво“.

Пластичниот хирург Марк Јусеф во 2016 година го анализирал нејзиното лице за „Hollywood life“ и кажал дека верува дека имала премногу измени.

„Најочигледната работа која ја направила е некој вид на филер. Дефинитивно премногу затоа што јаболчниците на нејзините образи се преполни и преголеми. Кога се смее, цел тој филер се поместува и прави очите да ѝ изгледаат помали“, рекол тогаш хирургот и додал дека смета дека имала и операција на носот, ботокс во усните, па дури и затегнување на лицето.

„Врвот на нејзиниот нос е потесен од претходно. Врвот изгледа повеќе прицврстен така што можно е да имала некој вид на ринопластика. Дефинитивно има и волумен во нејзините усни, а ботоксот е и на нејзиното чело. Има премногу ботокс во челото, а како резултат на тоа очите ѝ изгледаат помали затоа што се намалува и положбата на веѓите“. Таа многу ретко се појавува во јавноста, а последен пат била забележана лани во ноември. Меѓутоа, актерката по шест месеци се појавила на проекцијата на филмот „Still“ во Њујорк и ги запрепасти сите со својот изглед. Таа дошла во придружба на својот пријател Мајкл Џеј Фокс, а сите се запрашале што ѝ се случило со лицето.

 

Share
Scroll to Top