Медали за македонските кик-боксери на „Балкан бест фајтерс“

Медали за македонските кик-боксери на „Балкан бест фајтерс“

пред 3 години

Македонските кикбоксери со голем број медали на „Балкан бест фајтерс“. Тие се натпреваруваа на меѓународниот турнир „Балкан Бест Фајтерс“ во Јагодина, Србија.

На овој настан во кој имаше и учесници од Хрватска, Босна и Херцеговина, Молдација, Црна Гора, Србија, Бугарија, македонските кикбоксери освоија голем број на медали.

Со златни медали се закитија Бобан Илиоски, Димитар Ѓорѓиев, Васко Илиев, Дамјан Зафировски, Филип Ризов, Слаѓан Димиќ, Силвио Мировски, Фати Беџети и Александар Арапов.

Сребро освоија Филип Митровски, Стефан Каевски, Егзон Рамадани, Марко Горневски и Туркер Исмаил.

А до бронза дојдоа Викторија Варадинова, Марко Андонов, Славе Делиовски, Фериз Азири, Иве Леков, Петар Мијоски, Јусуф Шабани, Дамјан Радевски, Емир Ибраими, Марко Тодоров, Петар Христовски, Владанка Бојкова, Горјан Ристовски, Алјан Исуфи и Јани Постолов.

Share
Scroll to Top