Медитеранската диета е прогласена за најдобра, кето диетата посладна на листата

Медитеранската диета е прогласена за најдобра, кето диетата посладна на листата

пред 3 години

Четврта година по ред, американската медиумска група „Њуз енд ворлд рипорт“, златниот медал за најдобра диета и го додели на медитеранската диета. Различните диети беа оценувани врз одредени параметри, како колку е лесно да се следи одредена диета, веројатноста дали диетата ќе доведе до долгорочно губење на тежината и најважното, колку диетата е здрава и безбедна за употреба, особено кај луѓе со хронични заболувања.

Покрај титулата најдобра диета, медитеранската диета доби награди и во други категории како прво место во категоријата исхрана со растенија, во категорија здрави диети за лица со срцеви проблеми, како и во категорија за наједноставна диета.

  

Бројни студии откриле дека медитеранската диета може да го намали ризикот од дијабетес, високиот холестерол, деменцијата, депресијата и ракот на дојка. Долги години, многу нутриционисти и лекари истакнуваа дека медитеранската диета е најздрава, пред се затоа што диетата е претежно растителна. Кога станува збор за мастите, во повеќето случаи се користи само маслиново масло, додека другите масла и путери скоро и да немаат никаква вредност во оваа диета.

Кога станува збор за месото, во медитеранската диета е помалку застапено, а најголемиот фокус е на рибите. Покрај медитеранската диета, на самиот врв на списокот е диетата ДАШ и флексибилната диета. Заедничка карактеристика на овие диети е тоа што тие се фокусираат на оброци полни со овошје и зеленчук, ореви, житарки и семиња.

Од друга страна, Дукан и кетогената диета и годинава се прогласени за најлоши.

 

 

Share
Scroll to Top