Медицинска сестра, лекар и возач лажеле во случајот со смртта на Марадона

Медицинска сестра, лекар и возач лажеле во случајот со смртта на Марадона

пред 3 години

Медицинска сестра, лекар и возач, се под истрага зата што се сомничат дека давале лажни искази по повод смртта на легендарниот фудбалер Диего Армандо Марадона.

Марадона почина на 61. годишна возраст од акутен белодробен едем, веднаш по операцијата за хематом на мозокот, а досега е утврдено дека постоеле низа на пропусти во неговото лечење.

Прво, неговиот личен доктор бил на испитување кај обвинителот, а сега и неговиот возач исто така. Во прашање е Максимилијан Тримаки (44), кој сведочел дека не бил дома во моментите кога Марадона починал, а безбедносните каери и податоците од телефонот покажуваат нешто друго.

Утврдено е дека Тримаки лажел. Засега не се познати причините за неговите лаги, но интересно е тоа што неговата работа не подразбирала да му биде возач на Марадона.

Поради лагите, полицијата го пребарала неговиот стан. Одземени му биле телефонот и компјутерот, особено откако било забележано дека неколку пати влегувал во куќата во која починал Марадона, а лажел дека не бил таму.

Претходно било утврдено дека лажела и медицинската сестра која го оставила Марадона неколку часа без никаков надзор.

Share
Scroll to Top