Меланија откри дека и син ѝ Барон бил заразен од корона

Меланија откри дека и син ѝ Барон бил заразен од корона

пред 4 години

Откако претседателот на САД Доналд Трамп, се излекува од коронавирусот, Првата дама, Меланија, откри дека и нивниот син Барон бил заболен од Ковид 19.

Најмладиот син на Трамп, Барон (14), бил позитивен на коронавирус, во исто време со неговите родители, но немал никакви симптоми, изјавила Меланија.

Таа на постот на блогот на Белата куќа, објавила дека барон на почетокот бил негативен, но по неколку дена, повторно бил тестиран и тогаш се покажало дека има вирус, пренесуваат американските медиуми.

Доналд Трамп повеќе не може активно да го шири вирусот Ковид 19 и може да настапува во градското собрание во Мајани, на настанот во организација на „Ен-би-си њуз“, изјавил водечкиот американси епидемиолог Ентони Фаучи.

Тој во интервју за „Си-би-си“, изјавил дека тој и неговиот колега Клифорд Лејн од Националниот институт за здравје, ги прегледале сите тестови на Ковид 19 кои му биле направени на претседателот, како и дополнителен тест направен во лабораторијата NIH.

Дошле до заклучок дека претседателот не е заразен, пренесува „Ројтерс“. Трамп на 2. октомври, објави дека е позитивен на коронавирус и неколку дена примаше терапија во болница.

Share
Scroll to Top