Англискиот новинар Пирс Морган, кој од неодамна стана голем пријател на Кристијано Роналдо, ги изнервира фановите со коментарите за Лионел Меси.
„Луѓето можат да расправаат за тоа дали е Роналдо или Меси се најдобри во клупскиот фудбал. Но, јас секогаш би го одбрал Роналдо, особено кога е во прашање репрезентацијата. Без никакви дилеми Португалецот е најдобар на сите времиња“, рече Морган.
Објави и фотографија од Меси како спие со трофејот во кревет и го нападна дека претерува.
„Ок Меси, свативме дека го освои Светското првенство. Но, сега малку претеруваш“, рече Морган и објасни дека Марадона е најдобриот аргентински фудбалер. Рече дека низ улиците на Буенос Аирес не излегле сите да ја прослават титулата.
„На улиците излегоа околу четири милиони, а популацијата на градот е 15 милиони. Другите 11 останале дома затоа што сметаат како мене дека Марадона е најдобриот аргентински фудбалер“, рече Морган.
Фановите го нападнаа дека му е криво што Меси го освои трофејот со Аргентина и бесни се заради овие негови коментари па рекоа дека претерал. Го нарекоа патетичен и јаден човек. Објаснија дека ова не му е првпат да го менува мислењето.
Претходно Морган со години зборуваше дека Меси е подобар од Роналдо, но, откако Португалецот му го дал ексклузивното интервју, во кое зборуваше за проблемите со Манчестер Јунајтед, го променил мислењето за тоа кој е најдобар фудбалер.
„Меси е најголемиот фудбалер од било кога, а Кристијано е број два. Секоја понатамошна дебата е непотребна“, зборуваше Морган сè до моментот кога не ја доби ексклузивката со Роналдо.
Фаонвите му порачаа дека Меси покрај титулата светски првак, е прогласен и за најдобар фудбалер на турнирот во Катар. Најави дека и покрај освоениот трофеј и понатаму ќе продолжи да игра за Аргентина.
„Освои сè што може да се освои во кариерата, а сега е главен кандидат и за осмата награда најдобар фудбалер на светот“, му порачаа фановите на Морган.