Место дресот дај ми ја сестра ти: По 17 години Матераци призна дека го провоцирал Зидан во финалето на Светско

Место дресот дај ми ја сестра ти: По 17 години Матераци призна дека го провоцирал Зидан во финалето на Светско

пред 2 години

Италијанскиот фудбалер Марко Матераци по 17 години кога Италија го освои Светското првенство во Германија, откри што му кажал на Зидан пред крајот на натпреварот. Французинот го удри со глава во градите, а Матераци рече дека претходно го испровоцирал за да го направи тоа.

„Знаете дека во НБА има многу ‘trash talking’. Она што јас го кажав е ништо во споредба со тоа. Ме праша дали сака да му го дадам дресот, јас му одговорив дека ја преферирам сестра му“, рече Матерци во подкаст на телевизискиот канал Italian football.

За потсетување, Италија на крајот победи на пенали откако по 120 минути игра беше нерешено 1-1, а интересно е тоа што Зидан и Матераци ги постигнаа двата гола.

Share
Scroll to Top