Метеор им паднал во спалната на семејство во Њу Џерси

Метеор им паднал во спалната на семејство во Њу Џерси

пред 2 години






Метален објект за кој се верува дека е метеор паднал во семејна куќа во Њу Џерси. Иако во моментите кога паднал во куќата имало луѓе, за среќа нема повредени, соопштија од локалната полиција.

Објектот е со димензии 10×15 сантиметри, а откако го пробил покривот и плафонот паднал во спалната и го оштетил паркетот.

Полицијата ги известила и другите служби кои безбедно го отстраниле и земале предметот од непознато потекло. Жената во чија куќа паднал, рече дека каменот бил жежок кога се обидела да го допре. Се претпоставува дека метеорот е дел од дождот метеори Eta Aquarids. Понатамошната истрага е во тек.

 

 






Share
Scroll to Top