Метју Пери и давал на поранешната бремена девојка по 4000 долари за да му носи дрога

Метју Пери и давал на поранешната бремена девојка по 4000 долари за да му носи дрога

пред 3 години

Поранешната девојка на глумецот Метју Пери, кој се прослави во улогата на Чендлер Бинг во серијата „Пријатели“, Кејти Едвардс, тврди дека тој бил зависен од дрога и дека таа му носела кокаин, хероин и крек во петиот месец од бременоста, во замена за пари.

Метју пред речиси 10 години бил во големи проблеми. Тој секој ден конзумирал различни опојни супстанци и им зборувал на своите пријатели дека не се грижат за него.

Кејти Едвардс, која останала пријателка со Метју, откако кратко се забавувале на почетокот на 2000 година, за светските таблоиди изјавиле дека тој се борел со зависноста децении претходно, а дека во 2011 година, го допрел дното.

„Бев бремена во петтиот месец кога почнав да му набавувам разни работи. Пери ќе ми договореше да купам дрога, а јас ќе отидев на локацијата и ќе ја земев. Ќе ја отворевме кесичката, а во неа некогаш имаше апчиња, кокаин, а понекогаш хероин и крек. Никогаш не знаев што имаше во ќесичката пред да ја отворам“, вели таа.

Едварс тврди дека таа навистина сакала да му помогне на Пери и дека се состанувала со дилерите за да го спречи глумецот самиот да шета низ улиците и да набавува дрога. Вели се плашела дека можел да биде уапсен од полицијата или да го снимат папараците.

„Кога ќе се потсетам на тие моменти, се прашував, каква пријателка сум јас? А, навистина сакав да му помогнам. Постојано ми предизвикуваше чувство на вина и ми говореше дека ако не му ја донесам дрогата, ќе оди сам на улица да си ја земе“, раскажува таа.

Едвардс вели дека не му дозволила на Метју да излезе, затоа што не сакала да вози под таква состојба во каква што бил.

„Нашиот однос стана токсичен. Не можев да го одбијам“, раскажува Едвардс.

„Ги заработував парите на тој начин. Требаше да одам до местото, да ја соберам дрогата и да му ја однесам на него. Некогаш тоа го правев и по трипати во денот. Имаше денови кога заработував и по 3000 или 4000 долари. Постојано ми зборуваше дека парите не му се проблем“, вели таа.

Таа откри дека дрогата му ја носела на Пери и на сет емисијата „Mr Sunshine“.

„Се сеќавам дека ќе отидев во „Парамаунт“ до капијата и ќе му ја однесев дрогата до приколката, а тој никогаш не можеше да никого да измами. Се гледаше по него дека е зависник. Шоуто беше укинато по првата сезаона. Секогаш се прашував како некој може да конзумира толку дрога и да не почине“, вели Едвардс.

Таа додала дека сето тоа за неа било толку страшно, што еднаш глумецот случајно си ги залепил рацете со суперлепак за нозе, додека бил издрогиран. Пери е чист и трезен веќе некое време, а неодамна ја запроси неговата девојка Молу Хурвиц.

 

 

 

 

 

Share
Scroll to Top