Метју Пери си правеше притисок за да ги насмее гледачите, рече неговата колешка од „Пријатели“, Кортни Кокс

Метју Пери си правеше притисок за да ги насмее гледачите, рече неговата колешка од „Пријатели“, Кортни Кокс

пред 2 години

Глумицата Кортни Кокс во своето ново интервју зборуваше за нејзиниот поранешен колега и пријател Метју Пери и за тоа како тој самиот си правел притисок за да ги насмее гледачите додека работеле на снимањето на култната серија „Пријатели“.

„Самиот се мачеше некое време, но сега мислам дека му иде одлично“, рече Кокс за  Times of London.

Пери во „Пријатели“ го глумеше Ченлдер и уште од порано призна дека се губел ако публиката не се смеела на некои од неговите реплики.

„Се чувствував дека ќе умрам ако не се смејат“, рече Пери за време откако повторно се собраа со другите колеги и пријатели во 2021 година. За потсетување, тој пишува и мемоари за својата борба со зависноста, книга која треба да излезе во ноември годинава.

Share
Scroll to Top