Светот денеска го одбележува Меѓународниот ден за борба против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата. На овој ден, во 1990 година, Светската здравствена организација објави дека хомосексуалноста не е болест, пореметување или перверзија.
До денес, голем број земји го одбележуваат овој ден, со цел да се подигне свеста кај граѓаните ширум светот, дека и лицата дел од ЛГБТ заедницата треба да бидат заштитени и да имаат права.
Денес 130 земји го одбележуваат овој ден, а тој е официјално е признат од повеќе меѓународни институции. По тој повод во Македонија се одржа онлајн дебата на која се дискутираше за состојбата на ЛГБТ заедницата во државата и со какви проблеми се соочуваат тие.