Меџик Џонсон со сопругата првпат на одмор во Црна Гора

Меџик Џонсон со сопругата првпат на одмор во Црна Гора

пред 9 месеци

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња летува во Црна Гора. Легендата на НБА одлучи почетокот на август да го помине во Црна Гора, а според неговата објава на социјалната мрежа Твитер, поранешниот спортист е воодушевен од црногорското приморје.

„Многу е возбудливо кога Куки и јас посетуваме нови земји, а Црна Гора е спектакуларна. Ова е нашата прва посета овде и е многу убаво и луксузно“, напиша Џонсон во објавата.

Меџик и неговата сопруга Куки се венчаа во 1991 година. Во 1993 година добија син, а во 1995 година посвоија ќерка. Мајк има уште еден син од претходната врска со кој ги поминува своите одмори.

Меџик е легенда на Лејкерс каде ја помина целата своја НБА кариера.

Share
Scroll to Top