Во рамки на инфраструктурните активности, во Општина Чаир се реализира проект за уредување на улицата 157, со вкупна инвестиција од над 8 милиони денари, соопшти Изет Меџити.
Работите опфаќаат асфалтирање на делницата од џамијата до скалите кон булеварот, при што улицата добива нов, уреден и функционален изглед.
Проектот вклучува целосна реконструкција на инфраструктурата, вклучително нова водоводна мрежа, атмосферска канализација, јавно осветлување, нов асфалт и уредени тротоари, што значително ќе ги подобри условите за движење и безбедноста на жителите.
„Со оваа инвестиција директно се подобрува квалитетот на живот на граѓаните. Создаваме модерна инфраструктура и долгорочни услови за развој на оваа урбана зона“, изјави Меџити.
Од вкупната вредност, 2,8 милиони денари се обезбедени од Министерството за животна средина за водоводната мрежа, додека околу 5,2 милиони денари се инвестиција на Општина Чаир за останатите градежни активности.






