Меџити: Проектот за плоштадот „Скендербег“ влегува во завршна фаза

Меџити: Проектот за плоштадот „Скендербег“ влегува во завршна фаза

пред 2 часа

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, соопшти дека Владата донела одлука за пренос на сопственоста на земјиштето на плоштадот „Скендербег“ на Општина Чаир, со што, како што наведе, се отстранува последната административна пречка за реализација на проектот.

Според него, со оваа одлука се отвора патот за започнување на третата фаза од изградбата на плоштадот, еден од најзначајните урбани проекти за албанската заедница во Скопје.

Меџити истакна дека веќе се создадени сите услови за наскоро да се распише тендер за почеток на градежните работи, со што плоштадот „Скендербег“ ќе ја добие финалната форма.

Тој нагласи дека станува збор за важен чекор кон заокружување на проект кој, како што рече, има големо значење за граѓаните и урбаниот развој на овој дел од градот.

Share
Scroll to Top