Меџити: Чаир добива нов водовод, канализација и асфалт – целосна обнова на инфраструктурата

Меџити: Чаир добива нов водовод, канализација и асфалт – целосна обнова на инфраструктурата

пред 6 часа

Во населбата Саат Кула во општина Чаир е реализирана целосна реконструкција на инфраструктурата, која, според градоначалникот Изет Меџити, опфаќа интервенции од подземната инфраструктура до целосно нов асфалт.

Меџити посочува дека во рамки на проектот се поставени 1.400 метри нова водоводна мрежа, со приклучување на сите домаќинства и изградба на подземни хидранти на секоја улица.

Покрај водоводот, изградена е и нова фекална канализација со приклучоци за сите куќи, како и нова атмосферска канализација со нови сливници за собирање и одведување на атмосферските води од улиците.

По завршувањето на подземните работи, отстранет е стариот асфалт и целосно се асфалтирани улиците во населбата.

„Не се работи за крпења и површни интервенции. Туку за нов водовод, нова канализација, ново одводнување и нов асфалт“, наведува Меџити.

Тој додава дека станува збор за целосен инфраструктурен зафат, од делот што не се гледа под земја, до уредените и асфалтирани улици.

„Еден целосен инвестициски зафат, од она што не се гледа под земја, до патот што се гледа над неа. Продолжуваме“, порача Меџити.

Share
Scroll to Top